За сите заинтересирани за нашите услуги, пополнете ја online апликацијата на следниов линк...

ЛИОН Училиште за странски јазици организира и успешно спроведува курсеви за странски јазици за сите возрасти: 

 

КУРСЕВИ

За најмалите Предучилишни курсеви 
   

 

Европски јазични работилници се наменети за деца од 3 до 5 годишна возраст. Концептот е да се остварат работилници за 5 култури: англиска, германска, француска, италијанска и шпанска. 

На работилниците децата уште од најмали нозе учат за убавините на европските земји, јазикот и културата и тоа преку забава, музика и изработка на интересни проекти. Ќе пиеме чај во Лондон, ќе јадеме пица во Рим, ќе танцуваме фламенко во Мадрид, ќе јадеме колачи на некој париски плоштад и ќе слушаме музика од Бетовен во Берлин.

 

Наменети за деца од 4 до 5 години. Програмите се од реномирани издавачки куќи и прилагодени за возраста на децата. Преку активности како пеење, цртање, изработка на разни ракотворби, драмски проекти, танцување, сето тоа зачинето со многу забава, децата со радост учат основен вокабулар за светот што ги опкружува и се навикнуваат на нов јазик. Способни се да разберат и употребат пократки фрази поврзани со секојдневието и околината во која растат. 

 

 

 

 

     
Подготвителни курсеви – Ниво А0 (А0.1/А0.2/А0.3)    Детски курсеви – Ниво А1 (А1.1/А1.2) и А2 (А2.1/А2.2)  
Овие курсеви се наменети за деца од прво и второ одделение, на возраст од 5 до 7 години. На ова ниво се проширува вокабуларот на децата. Зборовите ги поврзуваат во куси реченици, подготвено одговараат на поставените прашања и полека но сигурно навлегуваат во светот на пишаниот збор.    Детските курсеви ги опфаќаат децата на возраст од 8 до 11 години кои веќе се запознаени со латиницата. Во овие курсеви се совладуваат читањето, пишувањето, граматиката и користење на јазикот во практични ситуации. Програмата е поделена на 5 нивоа. По нивно завршување, децата веќе ги имаат совладано сите основни граматички структури, течно читаат, пишуваат, одговараат на поставените прашања со правилни јазични и граматички структури во речениците. За напредокот и успехот на децата се известуваат родителите во текот на целата учебна година.
     
Младински курсеви – Ниво Б1 (Б1.1/Б1.2), Б2 (Б2.1/Б2/2) и Ц1     Курсеви за возрасни – Нивоа А1 – Б2

Младинските курсеви се поделени на четири нивоа и се вистински предизвик за учениците бидејќи во целост се применуваат сите јазични категории. Наставата се одвива на јазикот кој се изучува и по завршувањето на сите нивоа, учениците течно и правилно го користат јазикот на напредно ниво.  

Забелешка: Сите нивоа се дадени според Заедничката европска рамка за јазици (CEFR). 

 

Овие курсеви за наменети за возрасни слушатели кои сакаат за прв пат да почнат со изучување на некој странски јазик или за оние кои сакаат да го надградат или обноват знаењето. Групите се мали, од 3 до 8 слушатели, што создава можност за комуникација и учество во работата на групата и целосно внимание од страна на наставникот. 

Покрај редовните курсеви за возрасни, во нашите училишта се одржуваат и курсеви за деловен англиски јазик, комуникација и граматика. 

 

 

Покрај јазикот, нашите ученици имаат можност да се запознаат со културата, историјата и традицијата на народите чии јазици се изучуваат преку разни манифестации, приредби и презентации во самите училишта. 

Училиште Аеродром

Адреса

бул. Јане Сандански бр. 62 влез 1 ст.1

Контакт

тел. 070 328 474 

aerodrom@lionschool.mk

Училиште Н. Лисиче

Адреса

бул. Видое Смилевски Бато бр. 30 ст.1

Контакт

тел. 077 908 404 || 070 328 474 || 078 269 949

lisiche@lionschool.mk