За сите заинтересирани за нашите услуги, пополнете ја online апликацијата на следниов линк...

АНГЛИСКИ ЛЕТЕН КАМП

 

Секое лето ЛИОН организира седумдневен летен англиски камп во некое од поатрактивните туристички места во Македонија за деца на возраст од 9 до 14 години. Кампот е со едукативен карактер, а воедно е и многу забавен. 

Цел на кампот

 Преку секојдневните активности кампот има за цел да ја развие флуентноста во комуникацијата како клучна и многу потребна вештина во англискиот јазик, како и да помогне во изградба на самодовербата и одговорноста кај учениците. Притоа стремежот е учениците да учат непосредно без да постои чувство дека се наоѓаат во формална училишна средина.

Преку посетата на природните и културните знаменитости на нашата прекрасна земја, учениците имаат можност да ја развијат љубовта и почитта кон природата и културата, а можат и да ги искусат во реалниот свет некои од темите обработувани во текот на годината. 

Во кампот се вклучени ученици и наставници од сите три училишта што овозможува преку меѓусебно запознавање и контакт да се социјализираат и да се ослободат во комуникацијата на англиски јазик со дотогаш непознати лица.

 

Активности

Изработка и презентација на проекти, учество во натпревари, дебати на теми блиски на учениците, квизови, дијалози и глума се само дел од активностите преку кои учениците се постојано охрабрувани активно да го применуваат англискиот јазик. Учениците добиваат и одредени задачи околу кампот за да се поттикне чувството на одговорност. Проектите и темите што се обработуваат се тесно поврзани со локалното природно опкружување за да се запознае дел од својата татковина и тоа да се презентира на англиски јазик. 

 

Ние, наставниците, од Училиштето „ЛИОН“ со голем ентузијазам го организираме овој летен камп бидејќи особено ја поддржуваме квалитетната едукација на нашите ученици и се обидуваме да ја овозможиме на секаков можен начин. Доколку и Вие го делите нашето мислење и желни сте да инвестирате во знаењето на Вашите деца тогаш Вашиот избор секако е англискиот летен камп на ЛИОН! 

 

Училиште Аеродром

Адреса

бул. Јане Сандански бр. 62 влез 1 ст.1

Контакт

тел. 070 328 474 

aerodrom@lionschool.mk

Училиште Н. Лисиче

Адреса

бул. Видое Смилевски Бато бр. 30 ст.1

Контакт

тел. 077 908 404 || 070 328 474 || 078 269 949

lisiche@lionschool.mk